ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ ИЗРЕЧЕНИ 663 КАЗНИ Полицијата спроведува засилена контрола

Од санкционираните, 109 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а 22 возила возеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината на движење во населено место, а 364 надвор од населено место.

131

Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 663 возачи, информираат од МВР.

Од санкционираните, 109 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а 22 возила возеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината на движење во населено место, а 364 надвор од населено место.






– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.

Поврзани содржини