КОРОНАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ КОСИ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ Од новозаболените со ковид, вакцина не примиле 79 проценти
Оттаму додаваат дека според анализите лицата кои починале, а биле вакцинирани, имале повеќе комбинирани хронични заболувања, како и дека биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата 52.436 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица, информираат од МЗ.
– Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 11.11.2021 на територија на државата починале 1.788 пациенти со ковид-19, 1.434 пациенти од починатите, односно 80% не биле вакцинирани, а само 20%, односно 354 примиле вакцина – се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека според анализите лицата кои починале, а биле вакцинирани, имале повеќе комбинирани хронични заболувања, како и дека биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.
– Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2 – велат од МЗ.