АРСОВСКА ЌЕ УДРИ НА ШТЕДЕЊЕ, АМА НЕ ЗАБОРАВА ШТО ВЕТИЛА За минусот во јавните претпријатија треба да постои одговорност

Во моменти кога имаме прогласено енергетска криза и кога се соочуваме со соодветни рестриции, неопходно е да ги преземеме сите чекори, најнапред да ги зачуваме и домаќински да работиме со средствата на граѓаните, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

3,578

Во наредните три месеци нè очекува тешка работа за да ги реализираме сите оние работи што ги ветивме во предизборната кампања, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и додаде дека по првите 82 дена од нејзиниот мандат скопјани ќе видат значителни разлики во главниот град.

– Во овие два дена од мојот мандат наидовме на многу предизвици за кои е неопходно да се разрешат. Она што сакаме да го направиме е да ги прекинеме сите ненаменски трошоци кои не се неопходни. Во моменти кога имаме прогласено енергетска криза и кога се соочуваме со соодветни рестриции, неопходно е да ги преземеме сите чекори, најнапред да ги зачуваме и домаќински да работиме со средствата на граѓаните. Среде ваква криза, средствата треба наменски да се трошат за оние работи кои се приоритет за граѓаните – изјави Арсовска, одговарајќи на прашањето зошто Град Скопје го раскинал дговорот за новогодишното украсување, потпишан во септември од страна на поранешниот градоначалник Петре Шилегов.






Таа рече дека во моментов се соочува со повеќе од 100 проблеми за кои е потребно итно решавање.

– Во овој момент се соочувам со над 100 проблеми кои треба да се решат. Не смее да трпи штета ниту еден скопјанец и сметам дека работите ќе се реализираат соодветно. За минусот во јавните претпријатија треба да си постои одговорност и ние имаме намера да испитаме зошто условите се такви какви што се. Ќе се изврши ревизија со која ќе се види зошто јавните претпријатија се загубари. Јас не можам да одговарам за постапките на мојот претходник. Со соодветно менаџирање треба да се изнајде начин како да се санира состојбата. Јас верувамд ека за три месеци ќе ги имаме кристализирано работите, но најпрво ќе ги исполните ветувањата во првите 82 дена – истакна Арсовска.

Поврзани содржини