МИЦКОСКИ И АХМЕТИ НА СРЕДБА ЗА ГЛАСАЊЕТО НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА Лидерите се сретнале во Собранието

Според ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Ахмети разговарале само за прашањето за гласање недоверба на Владата, кое треба да се случи в четврток на собраниската седница што денеска ја закажа спикерот Талат Џафери.

2,932

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се сретнал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети во законодавниот дом. Двајцата лидери имале получасовна средба на барање на Ахмети, потврдуваат за Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ.

Тема на разговорот, како што велат од партијата било прашањето за гласање недоверба на Владата на Заев,  откако ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелација, поддржана и од пратениците на Алијанса за Албанците, Беса и на Левица.






Партијата ги демантира претходно изнесените информации од ДУИ дека наводно станувало збор за информативна средба, за да се слушнат ставовите на Мицкоски за Договорот од Преспа, за новото име на државата и за спорот со Бугарија. Според ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Ахмети разговарале само за прашањето за гласање доверба на Владата, кое треба да се случи в четвтрок на собраниската седница што денеска ја закажа спикерот Талат Џафери.

„Она што е вистина, е дека на барање на Ахмети во Собранието се одржа полчасовна средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тема на разговорот беше прашањето за гласање на доверба на Владата на СДС-ДУИ, за што до Собранието се поднесени 61 потпис“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекувањата на најголемата опозициска партија се дека иницијативата за недоверба на владата на Заев ќе ја поддржат и повеќе од 61 пратеник.

Поврзани содржини