СЛОБОДАТА Е КАУЗА НА ДУИ Ахмети ја осуди изјавата на Дардишта

1,420

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја осуди изјавата на поранешната директорка на заеднички служби на Клинички центар и поранешен припадник на ОНА, Шкодране Дардишта. 

Таа на својот профил на Фејсбук, по објавата дека има новопарламентарно мнозинство, се закани дека чизмите од конфликтот во 2001 година се уште им стојат на таван.






Лидерот на ДУИ таквите изјави ги оцени како спротивни на каузата на партијата.

– ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата – изјави Ахмети  пред денешниот состанок на Генералниот совет на партијата во Тетово.

Поврзани содржини