ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДВИДУВАЊЕ НА БИЛ ГЕЈТС Светот да се подготви за терористички напади со биолошко оружје

2,630

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс изнесе застрашувачко предвидување за светот и она што претстои. Тој нагласи дека светот мора да се подготви не само за нови пандемии, туку и за можни терористички напади со употреба на биолошко оружје. Според него, тие можат да бидат уште поопасни од ширењето на ковид-19.

Гејтс во интервју за британската организација „Policy Exchange“ истакна дека милијарди долари треба да се потрошат за истражувања на епидемиолошката безбедност и развој на специфични механизми за борба против инфективните болести и за спротивставување на новите закани кон човештвото.






Тој ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да формира посебна работна група за следење на епидемиолошката состојба во светот. Според Гејтс, оваа структура треба да се подготви и за можни биотерористички напади, разработувајќи сценарија за елиминирање на нивните последици.

– Работната група за пандемија на СЗО најверојатно ќе има потреба од околу една милијарда долари годишно. Таа ќе набљудува и спроведува „бактериолошки тестови, како што јас ги нарекувам“ – изјави основачот на Мајкрософт во заедничко интервју со поранешниот британски министер за надворешни работи Џереми Хант, кој моментно претседава со здравствената комисија при Парламентот на Обединетото кралство.

Поврзани содржини