ТИЕ МЕНЕ СО КАМЕЊА, ЈАС НИВ СО ЛЕБ! Јакимовски очекува секој ден да биде плукан и оцрнуван

Денешното рочиште беше медиумски однапред најавувано и пред судот и внатре ме чекаа 15-тина камери. Јасно дека се организирани од еден центар. Па нели вака правеше режимот?, напиша Јакимовски на својот профил на Фејсбук.

1,048

Новиот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски реагираше за големиот интерес на јавноста за денешното рочиште за предмет во кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, а кое беше одложено поради тоа што неговиот адвокат бил во изолација.

Повеќе од две години сум по судските врати и никогаш немало медиумска заинтересираност. Денешното рочиште беше медиумски однапред најавувано и пред судот и внатре ме чекаа 15-тина камери. Јасно дека се организирани од еден центар. Па нели вака правеше режимот?






Очекувам и наративот во извештаите да биде со иста или слична содржина.

Јасно е дека некој не може да се помири со поразот на локалните избори. Откако одлучив да се кандидирам на 16 февруари 2013 година до денес ми претат со затвор и постојано се обидуваат да ја остварат својата цел. Нема проблем, ние ќе одиме по затвори, ако треба и да умреме, да молчиме, само тие да не работат, да уживаат, да седат по кафани и да си земаат тоа што мислат дека е нивно.

Е сега повторно сме им криви и јас и народот. Јасно ми е како ден, секој ден ќе ме плукаат, ќе ме навредуваат, ќе ме прогонуваат како што правеа од 2013 до 2017 година, ќе држат пресови и протести пред вратите на општината и пак ќе бидам црн ѓавол, а јас им пружив рака и јавно им пратив покана за соработка.

Нека тие мене со камења а јас нив со леб!“, напиша Јакимовски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини