КОГА РАСТЕТЕ СО „МАМА ОРГАНА“ И ОТПАДОТ Е ИНСПИРАЦИЈА Од лушпи од портокали до бизнис идеја

Компостирањето, селекцијата на отпадот и максималната реупотреба на истиот, се секојдневје во животот на тричленото семејство Бургиеви. Наталија е оснивачка на брендот „Мама Органа“ и произведува органски ѓубрива, а нејзината ќерка Марија е на почетокот од почнување нов зелен бизнис - производство на есенцијални масла од лушпи од портокали, идеја која е победник на регионалниот натпревар за зелени идеи

678

Марија Бургиева е стипендист на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, каде што е втора година на Факултетот за политички науки во насока на меѓународната политика.

Таа со тимот О-круг и идејата за производство на есенцијални масла и ароматизери од отпадни лушпи од портокал се победници во категоријата ембрионски идеи на регионалниот натпревар за зелени бизниси „Balkan Green Ideas“, победа која значи дека ќе можат да ја обезбедат потребната опрема за започнување на производство.






Марија има 6-годишен брат Дарјан, а неа и нејзината мајка Наталија ги делат само 19 години.

Токму мајка ѝ е и нејзината најголема инспирација кога станува збор за зелени идеи, со оглед на тоа што е оснивач на веќе познатиот бренд Мама Органакомпанија која од отпад од храна, произведува органски ѓубрива и обезбедува работни места за социјално загрозени лица-самохрани родители.

Преку неа растев во македонската стартап заедница, таа ми е идол и директен пример за тоа што значи жена – зелен социјален претприемач“, вели Марија.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини