СКОПЈЕ И 43 ОПШТИНИ ДОБИЈА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Првични официјални резултати

Согласно објавените првични податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг освоија градоначалнички места во 20 општини, коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини.

639

Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК Александар Даштески, ќе бидат објавени денеска.

Согласно објавените првични податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.






Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.

Алијасна за Албанците и Алтернатива има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово.

ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари.

Независни кандидати победија во  Дебрца, Куманово и Скопје.

Поврзани содржини