ИЗЛЕЗНОСТА ДО 18.30 ЧАСОТ Е 48,88% Гласале вкупно 555.943 гласачи
Гласачките места се затворени во 19 часот, освен неколку каде што гласањето ќе се продолжи и до три часа.
Излезноста во вториот круг од локалните избори до 18.30 часот е 48,88 отсто, а гласале вкупно 555.943 гласачи, соопшти вечерва на прес конференција Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија.
Вевчани со 81,2% има најголема излезност, а Сарај има најмала – 28,12 отсто до 18.30 часот.
Гласачките места се затворени во 19 часот, освен неколку каде што гласањето ќе се продолжи и до три часа.
Во Центар во три избирачки места гласањето ќе се продолжи за 2 часа и 55 минути, во Сарај на две места гласањето ќе се продолжи за 2 часа и 45 минути, а во едно избирачко место за два часа.
Гласањето ќе продолжи во Чешиново Облешево за 2 часа, во Зелениково за 2 часа и 15 минути, во Пробиштип час и 55 минути, во Долнени за 1 час и 30 минути.
– Имавме успешен и мирен гласачки ден, со изолиран број инциденти кои не се организирани. Имавме фер и демократско гласање. Уредите работеа беспрекорно освен неколку случаи утрово, но потоа не се повтори. Да ги почекаме резултатите – рече Даштевски.
Денеска до 18.30 часот биле поднесени 739 приговори, од кои 642 се прифатени, 45 се одбиени и за 53 е констатирано дека се во избирачкиот список оние гласачи кои приговарале.