ЗЕМЈОТРЕС ГИ ВОЗНЕМИРИ ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР – ЖУПА Епицентарот бил во Албанија

Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри. 

322

Четири земјотреси од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени според Рихтер се почувствувани изутринава во западниот дел на земјава. Првиот земјотрес бил во 8.05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен во 8.10 часот, а последниот од 3,6 степени во 8.11 часот.

Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Поврзани содржини