Гејм оувер!
Локалните избори не се завршени, но е јасно проопозициското расположение во упоришта на СДСМ, како Карпош на пример. Во очај, на најјако се ставени негативната кампања и очајниот повик „не оставајте ме сам“.
По дебаклот на првиот круг на локалните избори, премиерот Зоран Заев најави „гејм чејнџ“ (промена на играта), демонстрирајќи длабок јаз со реалноста и јавноста, чија порака е „гејм оувер“ (крај на играта)! Да, гејм оувер, локалните избори ако не стават крај, ќе го означат почетокот на неминовниот крај на владеењето на Зоран Заев.
И тука веднаш може да се контрааргументира, првиот круг не е дебакл, локалните избори не се завршени и Зоран Заев не живее во илузии, ја прими пораката на јавноста! Тенки контрааргументи! Доволни беа изразите на лицата на Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, министри во Владата, молкот во изборниот штаб на СДСМ, да се разбере дека првиот круг е дебакл, не во мои, наши очи, туку во очите на раководството на СДСМ. Локалните избори не се завршени, но е јасно проопозициското расположение во упоришта на СДСМ, како Карпош на пример. Во очај, на најјако се ставени негативната кампања и очајниот повик „не оставајте ме сам“. Нема посилен доказ за илузиите на Зоран Заев од полноќното тврдење дека Петре Шилегов води убедливо во Скопје. А како јавноста го перципира тоа, најдобро го илустрира пост на Твитер: „Не знам дали повеќе пати ја примивме пораката или ЕУ датумот“.
Некој изгледа ја прескокнал приказната „Царевата нова облека“! Во политиката е важно да знаеш кога да влезеш, но уште поважно е да знаеш кога да излезеш! Нешто што не го направија ниту Бранко Црвенковски, ниту Љубчо Георгиевски, уште помалку Никола Груевски и сега Зоран Заев.
За првпат две анкети покажуваат дека довербата во Зоран Заев е преполовена и е пониска од таа на Христијан Мицкоски. А Зоран Заев е централен во локалниве и мисли дека им го подига рејтингот на нивните кандидати.
Целата колумна прoчитајте ја на следниов линк.