ДА НЕ ГЛАСАТЕ ЗА ШИЛЕГОВ! Перо Камиказа им се обрати на тие што го гласаа

Георгиевски вели дека не може на неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот, но знае за кого нема да гласа.

829

Очекував околу 60.000 гласови добив нешто над 20.000. Причина за тоа беше слабата излезност. Јас сметав дека излезноста ќе биде над 65 отсто, вели кандидатот за градоначалник на Скопје Петар Георгиевски-Камиказа во интервју за порталот „Република“.

Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со неговиот ангажан во групата „Меморија“ дека сите го познаваат.






Георгиевски вели дека е горд што од овие избори излегол без ниту една дамка и со чист образ. Тој вели дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите.

За досегашниот градоначалник на Скопје сѐ уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.

– Овие избори за него се да се биде или не. Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец. Таму каде што ќе оди нема лифт туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено – вели Георгиевски.

Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Александар Тортевски, кои се негови големи пријатели.

Георгиевски вели дека не може на неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот, но знае за кого нема да гласа.

– Јас само знам за кого не би гласал, а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за кого да гласаат. Ја навредувате нивната интелигенција. Но, еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов – нагласи Камиказа во интервјуто за Република.

Поврзани содржини