ПРЕЖИВЕАНИ ВО МАСОВНО ТРУЕЊЕ СЕ ЗАКАНУВААТ ОД МАДРИД Ќе извршиме самоубиство ако владата не ни помогне
Поради употреба на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници Шпанци добија разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.
Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.
Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година.
„Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња“, објавија демонстрантите претпладнево на профилот на Здружението на жртвите од тоа труење на Твитер.
Поради употреба на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници Шпанци добија разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.