ДЕНЕС Е ПРАЗНИК НА ДЕМОКРАТИЈАТА Шилегов очекува победа во првиот круг

Имавме‌ ‌кампања којашто помина‌ ‌мирно и достоинствено,‌ ‌затоа‌ ‌очекувам и се‌ ‌надевам‌ ‌дека‌ ‌ денешниот‌ ‌ден,‌ ‌односно‌ ‌овие‌ ‌избори‌ ‌ќе‌ ‌завршат‌ ‌мирно и демократски,‌ ‌впрочем‌ ‌ онака како што‌ ‌заслужуваат‌ ‌сите‌ ‌граѓани‌ ‌на‌ ‌Република‌ ‌Северна‌ ‌Македонија - ‌потенцираше‌ ‌ Шилегов.‌ 

304

 

Денес‌ ‌е‌ ‌празник‌ ‌за‌ ‌демократијата‌ ‌во‌ ‌Македонија и празник‌ ‌за‌ ‌демократијата‌ ‌во‌ Скопје и скопските‌ ‌општини.‌ ‌Денес‌ ‌заедно‌ ‌со‌ ‌моето‌ ‌семејство‌ ‌го‌ ‌исполнивме‌ ‌своето‌ ‌граѓанска‌ должност и обврска‌ ‌да‌ ‌го‌ ‌дадеме‌ ‌својот‌ ‌глас,‌ ‌кажа‌ ‌Петре ‌Шилегов‌, кандидат за втор мандат за градоначалник на Скопје ‌веднаш‌ ‌после‌ гласањето.‌ 





 
– Имавме‌ ‌кампања којашто помина‌ ‌мирно и достоинствено,‌ ‌затоа‌ ‌очекувам и се‌ ‌надевам‌ ‌дека‌ 
денешниот‌ ‌ден,‌ ‌односно‌ ‌овие‌ ‌избори‌ ‌ќе‌ ‌завршат‌ ‌мирно и демократски,‌ ‌впрочем‌ 
онака како што‌ ‌заслужуваат‌ ‌сите‌ ‌граѓани‌ ‌на‌ ‌Република‌ ‌Северна‌ ‌Македонија – ‌потенцираше‌ 
Шилегов.‌ 
 
Бидејќи‌ ‌одзивот‌ ‌е‌ ‌онаков‌ ‌каков‌ ‌што‌ ‌очекуваме,‌ додаде тој, ‌а‌ ‌очекувањата‌ ‌мои‌ ‌се‌ ‌дека‌ ‌ќе‌ ‌имаме‌ ‌победа‌ уште‌ ‌во‌ ‌првиот‌ ‌круг‌ ‌затоа‌ ‌што‌ ‌во‌ ‌самата‌ ‌кампања‌ ‌скопјани‌ ‌може‌ ‌да‌ ‌препознаат кои‌ ‌се луѓето‌ што‌ ‌овој‌ ‌град‌ ‌го‌ ‌водат‌ ‌напред и сето‌ ‌она‌ ‌што‌ ‌го‌ ‌направивме‌ ‌во‌ ‌изминатите‌ ‌четири‌ ‌години.‌ 

– Континуитетот за‌ ‌развој‌ ‌на Скопје‌ ‌е‌ ‌извесен и тоа‌ ‌е‌ ‌она‌ ‌што‌ ‌граѓаните‌ ‌ќе‌ ‌го‌ ‌изберат‌ ‌на‌ ‌овие‌ избори – рече Шилегов. 

Поврзани содржини