КИНЕЗ ЈА ЗАПАЛИЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА ДОДЕКА СЕ СНИМАЛА Ја молел да му се врати назад, па ја полил со бензин
Инцидентот, кој е трагичен пример за семејно насилство се случил минатиот септември, а сопругот беше конечно осуден во четвртокот. Тој физички ја злоупотребувал Лхамо и во минатото, а тоа било и причинта тие да се разведат во јуни 2020 година. Танг подоцна во неколку наврати повторно ја запросил, но таа одбила.
Маж во Кина истурил бензин и жива ја запалил својата поранешна сопруга додека таа се снимала себеси на социјалната мрежа Дуин, која важи за кинески ТикТок, пишува Индекс. Танг Лу бил осуден на смрт поради смртта на 30-годишната Лхамо откао починала две недели подоцна од изгорениците.
Инцидентот, кој е трагичен пример за семејно насилство се случил минатиот септември, а сопругот беше конечно осуден во четвртокот. Тој физички ја злоупотребувал Лхамо и во минатото, а тоа било и причината тие да се разведат во јуни 2020 година. Танг подоцна во неколку наврати повторно ја запросил, но таа одбила.
Кинеските активисти за човекови права велат дека земјата има проблем со семејното насилство, бидејќи идејата дека семејните конфликти се приватен проблем е сè уште вкоренета во општеството. Во Кина, злоупотребата не се сметаше за причина за развод до 2001 година и дури во 2015 година беше воведен првиот национален закон со кои се забрани семејното насилство.