СОПРУГАТА КРВНИЧКИ ГО УБИЛА Смрт која го потресе Холивуд
Сите знаеле дека Фил и Брин се караат и тепаат, а семејството и пријателите често зборувале дека Брин е многу лоша и дека нејзиното присуство е погубно за Фил.
Познатиот комичар Фил Хартман бил убиен од неговата сопруга Брин по расправија, а потоа таа извршила самоубиство. До денес, оваа трагедија останува најголемата мистерија за холивудскиот свет.
Во 1998 година, кариерата на Фил била во полн ек и којзнае што сѐ ќе се случело ако неговата сопруга во алкохолизирана состојба не го застрелала таа мајска вечер.
Сите знаеле дека Фил и Брин се караат и тепаат, а семејството и пријателите често зборувале дека Брин е многу лоша и дека нејзиното присуство е погубно за Фил.
Кон крајот на 1990-тите, кога односите на Фил и Брин почнале да се влошуваат, а Брин Хартман сѐ подлабоко навлегувала во злоупотребата на дрога и алкохол, пријателите и семејството немале поим за насилството кое наскоро ќе се случи.
Тие имале пиштоли во својот дом, а Брин често се карала и се тепала пред спиење. Фил Хартман развил рутина во која се преправал дека спие како начин да ја избегне злоупотребата на сопругата и нејзиното манијакално однесување.
По вечерата со пријателката, Брин се вратила дома и пијана почнала да се расправа со Фил. Тој ѝ се заканил дека ќе ја напушти ако повторно почне да се дрогира или ако им нанесе уште некоја штета на нивните деца. Потоа, Фил отишол на спиење. Околу три часот по полноќ, Брин влегла во спалната соба и го застрелала Фил во главата, градите и грлото. Потоа, со истиот пиштол се самоубила.
Неговата смрт го погодила не само нивното семејство, туку и целиот комичарски и актерски свет, целата јавност во Америка.
Неговата загуба претставува почеток на крајот на златното доба на „Симпсонови“ и по повлекувањето на Лионел Хак и Троја Меклур, веќе ништо не можело да биде исто.
View this post on Instagram