МЕГАН ФОКС СОСЕМА ГОЛА НА НАСЛОВНА Вперила пиштол во меѓуножјето на момчето (ФОТО)

Тие не престануваат да ги полнат медиумите со своите јавни потези и однесување, а двојката за која никој не престанува да зборува, сега се одлучи за нов изненадувачки потег.

3,739

Актерката Меган Фокс и нејзиното момче, раперот  Машин Ган Кели снимија провокативна насловна страница за британското списание „Џеј Кју“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)






Тие не престануваат да ги полнат медиумите со своите јавни потези и однесување, а двојката за која никој не престанува да зборува, сега се одлучи за нов изненадувачки потег.

Имено, актерката и музичарот позираа заедно за насловната страница на британското издание на списанието „Џеј Кју“, за кое дадоа и интервју, а најмногу се истакна токму 35-годишната Меган, која позираше потполно гола.

Во текот на интервјуто, проговорија за нивната голема љубов и објаснија дека тие веруваат дека нивната средба на снимањето на филмот „Полноќ во тревата“ била судбоносна и дека се случила во вистинско време.

– Се случи таа чудна работа. Претходно никогаш не сме се виделе и не се сеќавам на неговото лице. Се сеќавам само на едно високо, русокосо суштество, како дух што исчезна. Мислам дека ни беше судено до тој момент да не се гледаме, тогаш само нашите души се запознаа – ја опишала Меган нивната прва средба.

„Приказната за двајца изопштени, осудени на пропаст љубовници фатени во маките на жестока, силна, експлозивна љубов со: жестока опсесија, пушки, зависност, шамани, многу крв, општ хаос, терапија, тантрички ноќни кошмари, обредни ритуали, психоделични халуцинации и вид на секс што би го натерал Луцифер да ја стегне бројаницата“, напиша Меган на Инстаграм покрај фотографии од снимањето.

„Животот без тебе е полош од смртта, стрелај ми во глава ако не ни преостанува ништо и ако некогаш се случи тоа, најди ме на небото и дозволи ми да се сексаме како демони“, и музичарот бил поеднакво живописен.

Во времето на снимањето на судбоносниот филм, таа сѐ уште беше во брак со актерот Брајан Остин Грин, со кого има три деца, додека Машин од претходната врска има една ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини