СКОПЕ И КУМАНОВО СО НАЈМНОГУ АКТИВНИ НА КОВИД 10.625 има во целата земја
Во Куманово има 935 активни случаи, во Тетово 834, во Гостивар 405, во Кичево 350, во Велес 339, во Охрид 300, во Прилеп 279…
Бројот на активни случаи заразени со коронавирусот во земјава изнесува 10.625 од кои најмногу – 5.076 се во Скопје. Во Куманово има 935 активни случаи, во Тетово 834, во Гостивар 405, во Кичево 350, во Велес 339, во Охрид 300, во Прилеп 279…
Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа при направени 3.791 тестирања, регистрирани се нови 386 случаи, осум починати, 529 оздравени пациенти.
Од вкупниот број позитивни регистрирани во изминативе два месеци, 76 проценти или 28. 856 граѓани не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 отсто, додека само 19 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство.