НАШАТА ЗЕЛЕНА АГЕНДА Е НАУЧНО ИЗВОДЛИВА Ахмети во Брвеница го претстави кандидатот Јахији

Мојот ангажман, пред сè, ќе биде сериозен и достоинствен во унапредувањето на работите на општина Брвеница, така што сите граѓани ќе бидат задоволни, обидувајќи се да создадам што е можно подобри и квалитетни услови за животот на граѓаните, рече кандидатот на ДУИ за Општина Брвеница, Аркин Јахији.

199

ДУИ синоќа одржа предизборен собир во Општина Брвеница каде го претстави кандидатот за градоначалник на оваа општина Аркин Јахији, листата на кандидати за советници и изборната програма.

На учесниците им се обратија лидерот Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби и кандидатот за градоначалник, Аркин Јахији.






– Бараме поддршка за Зелената агенда затоа што е многу точно дека нашата агенда е студирана и корисна и научно изводлива. За да се направи оваа Агенда, потребни се професионални тимови и ДУИ ги има, бидејќи инвестираше и ова е национална инвестиција. За да ги реализираме сите овие проекти, сите ние, сите мои соработници, сме наредени зад Аркин, ние сме наредени зад Листата на советници бидејќи сакаме да биде добро за сите населени места во Брвеница. Нема поизводлива и поостварлива агенда и платформа како агендата на ДУИ, бидејќи таа гарантира подобар живот – рече Ахмети.

И Артан Груби даде безрезервна поддршка за Аркин и рече дека е убеден во победата.

– Имаме извонредна мобилизација во нашиот огранок која ја гледам овде вечерва и имаме одличен кандидат кој ги има срцата на жителите на Брвеница. Претседателот Ахмети ниту за момент не се двоумеше. Убеден во
победата во Брвеница, убеден во квалитетите и на Аркин, тој даде безрезервна поддршка. Знам дека знаете, но морам да го кажам и да го повторам. Нема дилема. Погледнете кој стои зад Аркин. Цела држава. Талат Џафери претседател на Собранието, Бујар Османи министер за надворешни работи, Фатмир министер за финансии и сите министри, заменици-министри, државни секретари, директори, заменици-директори кои не се тука. Но, најмногу знаете ли кој стои зад Аркин? Лидерот на албанската нација Али Ахмети.

Мојот ангажман, пред сè, ќе биде сериозен и достоинствен во унапредувањето на работите на општина Брвеница, така што сите граѓани ќе бидат задоволни, обидувајќи се да создадам што е можно подобри и квалитетни услови за животот на граѓаните, рече кандидатот на ДУИ за Општина Брвеница, Аркин Јахији.

– Јас во мојот мандат нема да дозволам на кој било начин иницијативите преземени да останат преполовени или само започнати, како што видовме во последните години. Мојата посветеност, пред сè, ќе биде сериозна и достоинствена во напредокот на работите на општина Брвеница, така што сите граѓани ќе бидат задоволни, обидувајќи се да создадам најдобри и квалитетни услови за животот на граѓаните. Сето ова ќе се постигне со
вашата безрезервна морална и политичка поддршка, бидејќи ние сме најдобри, а ние сме тие што ќе ја реализираат Зелената агенда. Нема да дозволиме зелениот сон да остане само реторика и симболика, туку искрено остварување на зборот и даденото ветување. Нема да дозволиме општина Брвеница да продолжи со старите навики на одолговлекување и негрижа, туку ќе ја ставиме во движење и ќе ја оживееме на најдобар и најефикасен начин. Ова ќе го докажеме на дело веднаш по добивањето на мандатот за кој верувам дека го заслужуваме – рече Аркин Јахији.

Поврзани содржини