ДОДЕКА ИМАЛ СРЕДБА СО ГРАЃАНИ Двајца мажи се обиделе да го нападнат Димитриевски

1,389

Актуелниот градоначалник и независен кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски вчера пријавил дека две лица го навредувале и се обиделе физички да го нападнат додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре. Димитриевски го пријавил случајот во МВР:

„Вчера во 21.33 часот во СВР Куманово, М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пријавил дека додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.Н. и З.П. го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани содржини