ЗАПОЧНУВА ПОГЛАВЈЕТО НА МУДРОСТА Ахмети во Сингелиќ зборуваше за зелената агенда
Челниците на ДУИ велат дека сега фокусот е ставен на гасификација, изградба на пруги и дигитализација.
Имавме обврска да ја имплементираме и работиме за нашата програма која го дефинираше меѓународниот договор што го потпишавме, ДУИ пред се јас како нејзин лидер, го имав приоритет унапредувањето на кадарот, нивното школување и нивната специјализација, затоа што така мислев дека
придонесувам за нацијата за конкурирање со структура во Брисел и Вашингтон, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во Сингелиќ.
Ахмети рече дека програмата содржи и предизвици за инстоитуциите за водење на државата.
– Затоа што не сакав да се посрамотиме како нација туку да покажаме вредности и конкуренција, бидејќи кога работиш и го затвораш поглавјето на јунаштвото, започнува поглавјето на мудроста – рече Ахмети.
Првиот вицепремиер Груби за време на својот говор пред присутните нагласи дека сега фокусот е ставен на гасификација, изградба на пруги и дигитализација.
– Ние изработуваме проекти кои целиме да ги спроведеме две децении. Пред два дена го имавме претседателот на Бехтел кои беа за да го изградат Коридорот 8, а во исто време го градиме патот до Блаце, додека пред неколку недели го поставивме камен -темелникот на булеварот Хасан Приштина – истакна во својот говор првиот вицепремиер Груби.
Носителот на листата на кандидати во општина Гази Баба од редовите на ДУИ, Сафет Адеми истакна дека ќе работат со најголема сериозност за подобар живот за граѓаните во новиот мандат.