КОЈ ОБВИНИТЕЛ МУ НУДЕЛ СПОГОДБА НА ГРУБИ? Серија незгодни прашања од ВЛЕН за тоа што се случувало зад сцената
Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството, да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темпераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтингот на ДУИ, соопшти ВЛЕН.
По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, соопшти ВЛЕН.
„Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Според нашите извори, Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темпераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтингот на ДУИ. Груби дури веќе имал договорени интервјуа, бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил“, соопшти ВЛЕН.
Продолжувањето на мерката куќен притвор е дополнителен притисок за да направи спогодба пред судењето да почне, додава партијата.
„Интересен факт е што адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се правосудните „играчи“ од времето на Груевски и Мијалков. Ова е сериозен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите оружја. Останува дилемата зошто не се обезбедува присуството на првиот соработник на Груби, Перпарим Бајрами. Дали заедно со преквалификацијата на делото му се дава уште една порака на Али Ахмети дека за сите матни игри има контраудар? Конечно, ниту Бујар Османи не бил многу среќен затоа што на одредени меѓународни адреси му ја прочитале играта зад брифинзите. Јасно е дека за мафијашкото политбиро во ДУИ допрва доаѓаат тешки денови“, соопшти ВЛЕН.