ЦЕЦА ПО КАВГАТА СО БОСАНАЦ ВО „ГРАНД“ „Примитивно! Не е смешно, ме навреди“ ВИДЕО

Откако Босанац рече дека во песна на Цеца „немало што да се отпее“, пејачката му одговори: „Тоа ти викаш дека тука нема што да се отпее“.

8,908

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по кавгата со Драган Стојковиќ Босанац во минатата епизода на „Ѕвездите на Гранд“, пишува Блиц. Откако една од изведувачките пееше оригинална песна на Цеца, а Босанац рече дека „тука нема што да се отпее“, Цеца беше навредена, па му возврати:

– Тоа ти викаш дека тука нема што да се отпее – му замери Ражнатовиќ додека беа во етер.






По шоуто Цеца изјави дека била навредена:

– Немам коментар за тоа, слушнавте сè. Дали треба тоа да се коментира? Реков ли нешто лошо јас за некого? Кажано е за мене и морам да се бранам. Тоа беше само конкретен пример, јас бев навредена, претпоставувам дека го видовте – рекла Цеца.

Таа, исто така, посочи дека нападите врз неа од поединци од жирито не биле жестоки и дека се работи за едноставен хумор.

– Дали беше тоа жестоко? Тоа е примитивен хумор, не е жесток и не е духовит – истакна денеска Цеца за српски „Курир“.

Погледнете и сами. Негде на 41:31 почнува кавгата меѓу Цеца и Босанац. 

Но, можеби тоа што дигна повеќе прашина деновиве беше кавгата меѓу Цеца и Босанац околу ќерката на Босанац, која, иако настапувала и имала добри бодови на шоуто, се повлекла по неколку песни, моментално завршува музички факултет.

Цеца тогаш го обвини Босанац дека требало да ја направи Александра Стојковиќ Иџа, неговата ќерка, позната пејачка, а тој само прокоментира дека „чека ќерка му да стане образован музичар“.

– Мојата ќерка немаше соодветен спонзор и моментално завршува факултет – објасни Драган „Босанац“, а кратко време по емитувањето на емисијата, дојде и одговорот од ќерка му Иџа на Инстаграм.

„Не ми требаат пари, мила. Јас работам за уметност“, напиша Иџа на Инстаграм, цитирајќи ја познатата пејачка Марија Калас и додаде:

„Уште еднаш, ова е мојот одговор на целата ситуација и во исто време одговор на новинарите. Те сакам тато, најмногу!“

фото: Инстаграм
Поврзани содржини