РЕАЛ ПОТФРЛИ ВО МЕЧОТ СО ВИЉАРЕАЛ Анчелоти признава, „имавме среќа што Куртоа ни е голман“
Имаме среќа што имаме голман како Куртоа. Бранеше одлично и навистина нѐ спаси. Не сум вознемирен од ремито, бидејќи со Виљареал тоа може да се очекува. Ќе го продолжиме патот во шампионатот, истакна Анчелоти.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е вознемирен од играта на неговиот тим синоќа со Вилареал, но признава дека „очигледно немавме најдобар натпревара оваа сезона“. Реал на домашен терен одигра нерешено 0:0 со „жолтата подморница“ во седмото коло на Шпанското првенство.
– Се обидовме да извршиме притисок, но тие одлично ја контролираа топката и ни правеа проблеми. Очигледно, немавме најдобар натпревар оваа сезона. Имаме среќа што имаме голман како Куртоа. Бранеше одлично и навистина нѐ спаси. Не сум вознемирен од ремито, бидејќи со Виљареал тоа може да се очекува. Ќе го продолжиме патот во шампионатот – истакна Анчелоти за „Мундо Депортиво“.
Реал Мадрид е лидер во шампионатот со 17 бода, додека Виљареал има 8 бода и е на 10-та позиција во поредокот.