„НИКОБ ЛАБ“ СО НОВА МОБИЛНА ЛОКАЦИЈА Отворен пункт во комплексот на „Бибај групација“

Тестирањето е без закажување и регистрација на термин, а резултатите можат да се добијат во рок од 30 минути (за брзите антигенски тестови) или истиот ден (за PCR тестирање).

323

Компанијата „Никоб лаб“ соопшти дека од денеска (24.09.2021) ќе биде отворен мобилен пункт за PCR и за брзи антигенски тестови во комплексот на „Бибај групација“ на ул. Јадранска Магистрала (Качанички пат) во Скопје.

Работното време на мобилниот пункт е секој ден од 08-16 часот.






Тестирањето е без закажување и регистрација на термин, а резултатите можат да се добијат во рок од 30 минути (за брзите антигенски тестови) или истиот ден (за PCR тестирање).

Никоб лаб како општествено одговорна компанија вложува огромни средства и напори да им излезе во пресрет на сите граѓани кои сакаат да се тестираат по најниски цени, а истиот тест може да им послужи за патување во странство.

За повеќе информации можете да се јавите на телефонскиот број 02/274-1000 или да ја посетите веб страната nikoblab.mk.

Од „Никоб лаб“ напоменуваат дека при тестирањето задолжително е носење на документ за лична идентифиција, како што е лична карта или патна исправа (пасош).

 

Поврзани содржини