ЕДЕН УБИЕН, НАЈМАЛКУ 12 ПОВРЕДЕНИ Пукање во супермаркет во Мемфис ВИДЕО

Неколку очевидци изјавиле дека слушнале најмалку десетина истрели. Според извештаите, голем број купувачи ја напуштиле продавницата, а вработените наводно се скриле во замрзнувач.

396

Едно лице е убиено, а најмалку 12 се повредени во масовна престрелка во супермаркет во Мемфис.  Дејли Мејл пренесува дека властите објавиле дека убиецот потоа извршил самоубиство.

Пукањето се случило во предградие источно од Мемфис, објави Фокс ТВ 13.






Неколку очевидци изјавиле дека слушнале најмалку десетина истрели. Според извештаите, голем број купувачи ја напуштиле продавницата, а вработените наводно се скриле во замрзнувач.

Полициските власти соопштија дека повредените имаат сериозни повреди.

 

Поврзани содржини