ОВА Е ВИСТИНСКА АПОКАЛИПСА Погледнете што ѝ се случило на водителката додека известувала за земјотресот во Мелбурн (ВИДЕО)

912

Австралиската водителка и новинарка Грејс Еванс имала мошне непријатно искуство додека известувала за силниот земјотрес којшто го погоди подрачјето во близина на Мелбурн.

Токму во моментот кога го изговарала зборот земјотрес, во студиото дошло до прекин на електричната енергија.






„Ох, мој Боже! Ислашена сум, ова е вистинска апокалипса. Не можам, ќе заплачам“, било сѐ штo успеала да изговори видно потресената водителка.

Подоцна ја раскажала ситуацијата на Твитер и го објавила снимка.

 


„Можам да потврдам дека токму во тој момент помислив дека пристигна апокалипсата. Имаше прекин на електрична енергија токму во моментот додека го изговарав зборот земјотрес. Годината 2021 е баш премногу“, напишала Еванс.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.

Моментот во кој Мелбурн го погоди земјотрес бил снимен и во студиото на Еј-би-си каде што водителот во студиото и неговиот гостин многу се вознемириле кога затресло.

 

ФОТО: Twitter/@GraceEvans2904

 

Поврзани содржини