БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС И ДПА ДА ГЛАСААТ ЗА СМЕНА НА ФИЛИПЧЕ Опозицијата повика власта да не го штити министерот
Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има, и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини, а тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува Венко Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати, реагира најголемата опозициска партија.
– Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието. Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери – велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има, и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини, а тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено.
– ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да изгласаме негова смена. Очекуваме БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА исто така да го повикаат Филипче и неговиот заменик Хасани на оставка. Одговорност мора да има – велат од најголемата опозициска партија.