ПЕТ НОВИ МИЛИОНЕРИ Вкупно избројаа речиси 7,5 милиони денари
Највредниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ изнесува 1.700.471 денар и се падна во Штип, на 22 август.
Преминот од август во септември беше период кој го крена нивото на добивки од игрите на Видеолотарија Касинос Австрија, пред сѐ, на МИЛИОНЕР и СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Во последната недела од претходниот и во првата од овој месец се добија дури пет нови милионери, кои се израдуваа на збирна добивка од речиси 7,5 милиони денари.
Епицентарот на среќата, очигледно, била Струга, затоа што два од петте МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки се паднаа токму таму. Последниот, од саботата, на 4 септември изнесува 1.634.439 денари, а првиот, добиен на 26 август има вредност од 1.574.955 денари.
Највредниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ изнесува 1.700.471 денар и се падна во Штип, на 22 август. На 28 август, пак, се јави нов МИЛИОНЕР во Скопје, во населбата Влае, а сумата која го разубави неговиот живот изнесува 1.314.223 денари. Меѓу градовите со добитници се вмеша и Прилеп, со МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ освоен во последните часови од август, во објектот на Евротип, а неговата вредност е 1.237.145 денари.
Ако на ова се додаде и десеттиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, кој изнесуваше 9.011.853 денари, ќе се навратиме на заклучокот дека помина извонреден, многу плоден период со игрите на Видеолотарија Касинос Австрија.