ПРИТИСОКОТ И ПЕТИЦИЈАТА ВРОДИЈА СО ПЛОД Таткото на Бритни го побара од судот она што многумина со години го посакуваат

709

Џејми Спирс побарал од судот во Лос Анџелес да го прекине неговото старателство од 13 години над неговата ќерка, поп пејачката Бритни Спирс.

Таткото на пејачката упатил писмо до судот со кое рекол дека е подготвен да се откаже од улогата на старател. Во новиот документ бил уште појасен и побарал од судот да го прекине старателството во целост, пренесува Ен-би-си.






Џејми напишал дека пејачката „има право за судот сериозно да разгледа дали старателството е навистина потребно“ и дека „нејзините околности се промениле до тој степен што основите по кои му било доделено старателството можеби повеќе не постојат“.

На сослушувањето во јуни, Бритни Спирс рекла дека старателството кое започнало во 2008 година било навредливо и понижувачко за неа, па побарала да се одземат правата на нејзиниот татко за управување со нејзиниот имот вреден 60 милиони долари.

Судското рочиште за расправа за барањето на Бритни Спирс е закажано за 29 септември во судот во Лос Анџелес.

 

Поврзани содржини