АЛБАНИЈА ВОВЕДУВА СТРОГИ МЕРКИ Не ни помислувајте да поминете граница без сертификат или без негативен ПЦР тест
Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во карантин 10 дена.
Нови мерки за заштита од коронавирусот воведува Албанија од денеска, а тоа значи дека ниту еден стреански или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација.
На албанска граница е потребно да се покаже вакцинален сертификат со поминати најмалку 14 дена од целосната вакцинација, или, пак, да се приложи негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа. Исто така, границата може да се премине и доколку се покаже потврда за прележан ковид-19.
Овие правила важат и за патниците што транзитираат низ Албанија, додека само децата до шест години се ослободени од тоа.
Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во карантин 10 дена.
Во Албанија, исто така, во сила е полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.