ОТИШОЛ ДА СПАСУВА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ, А ЗАРАБОТИЛ ЌОТЕК Нападнат лекар на Итната помош во Кавадарци
Лекарот бил нападнат на улицата „Браќа Џунови“ во Кавадарци, каде што службено бил излезен на терен и вршел лекарска интервенција.
Лекар од Брзата помош во Кавадарци вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат на улицата „Браќа Џунови“ додека вршел интервенција по претходна побарана негова лекарска интервенција.
– Вчера во ОВР Кавадарци, лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци пријавил дека околу 11 часот, додека бил на работа заедно со неговиот медицински тим и вршел интервенција на улица „Браќа Џунови“, бил физички нападнат од 31-годишниот Џ.Д. – информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој додаде дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.