СКОПЈАНИ ЌЕ ИМААТ ПРИЧИНА ЗА СМЕЕЊЕ Популарниот комичар Влад Илиќ најавува спектакуларно шоу во МКЦ (ВИДЕО)

Влад е млад и перспективен комичар кој ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „миленијал“ од источна Европа во Лондон и сето тоа го преточува во супер вкусно комеди шоу со кое од ден на ден станува сè пополурарен и баран по комеди клубовите во Англија.

856

Македонскиот познат стенд-ап комичар Влад Илиќ, кој е популарен и во Англија, утре ќе ги смее скопјани на сцената во паркот на Македонскиот културен центар (МКЦ), со почеток во 20 часот.

Влад е млад и перспективен комичар кој ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „миленијал“ од источна Европа во Лондон и сето тоа го преточува во супер вкусно комеди шоу со кое од ден на ден станува сè пополурарен и баран по комеди клубовите во Англија.






За неговите квалитети говорат и освоените награди: King of the Gong – Comedy Store Manchester Comedian of the Year – Stand Up Club Soho, London One to Watch – Up the Creek, Greenwich London Max Turner Prize – Comedy Virgins, Stockwell, London.

Не oстанаа рамнодушни и „ловците на таленти“ на популарната Би-Би-Си и беше гостин на настан организиран од страна на популарната телевизија.

Специјален гостин, кој ќе ја отвори вечерта е Никола Сиљаноски – Братучед, млад и перспективен стенд-ап комичар од Охрид.

Билетите чинат 400 денари и можат да се купат онлајн или на билетарницата на МКЦ. Како што објавија организаторите, настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани во јавен простор.

Поврзани содржини