ПОЖАРОТ ВО ПРЕСПА Е ПОД КОНТРОЛА Изгореа над седум хектари од албанска и грчка страна
Два помали авиони, седум противпожарни возила и 50 грчки пожарникари и над 100 албански пожарникари од Пустец, Корча и Девол беа потребни да се заузда пламената стихија која лесно можеше да прејде и на македонската страна.
Албанија и Грција конечно успеаја да го стават под контрола големиот пожар кој се распламти во општина Пустец, Преспанско од другата страна на македонката граница, јави дописничка на МИА од Тирана, пренесува Канал 5.
Два помали авиони, седум противпожарни возила и 50 грчки пожарникари и над 100 албански пожарникари од Пустец, Корча и Девол беа потребни да се заузда пламената стихија која лесно можеше да прејде и на македонската страна. Изгореа над седум хектари високо стеблеста шума, а биле зафатени десет, јавува Балкан веб.
Кој го подметна пожарот во Преспа? Прво огнот се појавил во селото Церје во општината Пустец, а топлиот ветер направил тој да биде лесно пренесен од грчката страна на местото наречено Пирамида 10.
Во последните два месеца во Албанија регистрирани се над 300 пожари, уништени се илјадници хектари шума и маслинови насади, а уапсени беа 29 лица под сомнение за предизвикување на пожарите. Во моментот 38 лица пред судот се бранат од слобода, додека по седум лица сѐ уште се трага.