ИНТЕР НАПРАВИ ПРЕСВРТ „Новајлијата“ му донесе победа на шампионот
По катастрофалната грешка на голманот Самир Хандановиќ, домашниот тим ја затресе мрежата на шампионот и со гол предност замина на паузата.
Италијанскиот шампион Интер вечерва го одигра вториот сезонски натпревар против Верона, а момците на Симоне Инзаги не започнаа баш најдобро во првото полувреме. По катастрофалната грешка на голманот Самир Хандановиќ, домашниот тим ја затресе мрежата на шампионот и со гол предност замина на паузата.
Но, само неколку минути во вториот дел му беа потребни на Лаутаро Мартинез да ја смести топката зад грбот на противничкиот голман, а резултатот беше изедначен сè до 85 минута на натпреварот кога својот гол првенец во дресот на Интер го постигна „новајлијата“ Јоакин Кореа.
На изненадување за сите, тоа не беше крај. Во 93 минута, Јоаким Кореа го постигна и вториот гол на својот прв натпревар за „нероазурите“.