📽️ ЈА ПОРАЗИ АНГЛИЈА, ПА СЕ РАСПЛАКА ЗА СВОИТЕ ДЕТСКИ СПОМЕНИ Лаутаро откри што им најавил на соиграчите

Лаутаро Мартинез беше херојот на Аргентина во драматичната победа над Англија од 2:1, но веднаш по натпреварот вниманието го привлече неговата емотивна реакција пред камерите. Напаѓачот на Интер не успеа да ги задржи солзите додека зборуваше за пласманот во финалето.

1

Стрелецот на победничкиот гол против Англија не можеше да ги задржи емоциите по пласманот на Аргентина во финалето на Светското првенство. Лаутаро Мартинез откри дека уште пред натпреварот им најавил на соиграчите што ќе се случи.

Мартинез го постигна решавачкиот погодок со кој Аргентина обезбеди ново мундијалско финале против Шпанија.






Уште на почетокот од интервјуто мораше да направи пауза.

– Не знам, навистина е така… – рече Лаутаро, пред емоциите да го совладаат.

Голот го сонувал од детството

Откако се созеде, аргентинскиот репрезентативец објасни колку му значи моментот.

– Многу е силно, навистина многу силно. Отсекогаш сонував да го постигнам овој гол, уште од првиот пат кога татко ми ми купи копачки – изјави Мартинез.

Тој повторно застана за момент, а потоа им се заблагодари на најблиските.

– Успехот им го посветувам на мајка ми, која никогаш не престана да ми го мести креветот кога заминав во Расинг. Тоа за мене значи повеќе од гол или финале. Им го посветувам и на моите деца, кои ми го променија животот – рече Лаутаро.

 

„Му реков на Мек Алистер дека ќе постигнам гол“

Напаѓачот откри дека имал силно претчувство уште пред почетокот на полуфиналето.

– Сонував за ова, се колнам. Му реков на Мек Алистер дека ќе постигнам гол, а на Факу Медина му кажав дека ќе влезам и ќе го решам натпреварот – изјави Мартинез.

Неговиот погодок во финишот донесе голем пресврт и ја одведе Аргентина во финалето, каде што за титулата ќе се бори против Шпанија.

 

Поврзани содржини