НОВ ЛЕК ЗА ВИЛСОНОВА БОЛЕСТ „АстраЗенека“ нуди надеж за успешно исфрлање бакар од телото
Лекот е развиен од фармацевтската компанија Алексион, која ја купи „АстраЗенека“ и беше тестиран за Вилсонова болест.
Последната фаза од тестирањето покажала дека лекот за акумулација на бакар во телото е три пати поуспешен во отстранување на вакви наслаги од ткивата, во споредба со стандардниот третман, соопшти компанијата „АстраЗенека“.
Лекот е развиен од фармацевтската компанија „Алексион“, која ја купи „АстраЗенека“ и беше тестиран за Вилсонова болест, генетски предизвикано нарушување на метаболизмот на бакарот, при што е загрозена способноста на телото, самото да го исфрли вишокот бакар, објави Танјуг повикувајќи се на Ројтерс.
Експерименталниот лек се зема орално, еднаш дневно и може да им помогне на пациентите кои се лечат со класичната терапија со вбризгување метал во крвта или пак со терапија со цинк.
– Како што напредуваме во лекувањето на Вилсоновата болест за прв пат во 30 години ќе продолжиме да ги следиме пациентите подолго време за да имаме подобра проценка на клиничкото влијание врз симптомите на болеста – рече извршниот директор на „Алексион“, Марк Дунојер.
Акумулацијата на бакар во телото може да предизвика заболување на црниот дроб, како и психолошки и невролошки проблеми, односно промена во личноста, тешкотии при одење, голтање или зборување.