ИНВАЛИДИТЕТОТ ГО ПРЕТВОРИЛА ВО СУПЕРМОЌ Игра бадминтон со една рака (ВИДЕО)
Растејќи како инвалид, Палак не знаела дека постојат Параолимписките игри, а камоли дека еден ден токму таму ќе ја претставува нејзината земја.
Индиската ѕвезда во подем, Палак Коли, дебитира на овогодинешните Параолимписки игри во Токио, исто како и спортот во кој се натпреварува – бадминтон.
Растејќи како инвалид, Палак не знаела дека постојат Параолимписките игри, а камоли дека еден ден токму таму ќе ја претставува нејзината земја.
– Пресвртот кој се случи во мојот живот, може да му се случи секому. Има многу можности на нашиот пат, само мора да бидеме позитивни за да ги искористиме. Тоа ќе ве доведе до големи достигнувања – вели таа за Би-Би-Си.
Таа има 18 години и е единствениот индиски бадминтон играч кој ќе настапи во сите три категории во Токио.