СИТЕ НАСТАВНИЦИ ВО ЊУЈОРК ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ Градот ќе „боцне“ 148.000 вработени
Мерката за наставниците веќе ја „ископираа“ и градовите Вашингтон, Лос Анџелес и Чикаго. Но, јужните држави како Тексас, на пример, сѐ уште се противат. Во Флорида, сенаторот, кој е републиканец, решил да не ги принудува школите да бараат од децата да носат маски кога се на час, што предизвикало хаос и поделени мислења.
Додека родителите во Македонија се мислат зошто за наставниците во нашите школи и градинки не е задолжително да се вакцинирани, градот Њујорк во Америка ќе ги вакцинира сите 148.000 наставници, пренесува 24сата. Барем една доза треба да прими секој учител во градот до 27 септември, наредил градоначалниот Бил де Бласио.
На оваа мерка најверојатно ќе се спротивстават моќните синдикатите на наставниците во градот. Претходно месецов, де Бласио ги разгневи угостителите и продавачите кога воведе мерка во затворен простор да се влегува само со вакцинален сертификат. Некои од луѓето дури и го тужеа, но тој издржа.
– Сакаме нашите училишта да бидат исклучително безбедни во текот на целата година – рече Бласио на прес -конференција.
Мерката за наставниците веќе ја „ископираа“ и градовите Вашингтон, Лос Анџелес и Чикаго. Но, јужните држави како Тексас, на пример, сѐ уште се противат. Во Флорида, сенаторот, кој е републиканец, решил да не ги принудува школите да бараат од децата да носат маски кога се на час, што предизвикало хаос и поделени мислења.
Учебната година во Њујорк ќе започне редовно, на 13 септември.