ЕЛМАС СТРЕЛАШЕ ПРОТИВ ВЕНЕЦИЈА Македонскиот „дијамант“ со гол ја отвори новата сезона (ВИДЕО)
Задоволство е да се постигне гол пред нашите навивачи на почетокот на новата сезона, вели македонскиот репрезентативец.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа се запиша во листата на стрелците во победата на Наполи над Венеција со 2:0. Македонецот кој во игра влезе во 35 минута, голот го постигна во 73 минута.
Претходно, Лоренцо Инсиње донесе водство за домаќините.
– Задоволство е да се постигне гол пред нашите навивачи на почетокот на новата сезона. Ваква победа докажува дека сме одличен тим кој и со 10 играчи на теренот, покажа дека можеме да ја контролира играта и да доминира. Сакам да му се заблагодарам на тренерот Спалети за огромната доверба која ми ја укажа од самото пристигнување во тимот. Верувам дека наша сила оваа сезона ќе биде и нашиот тренер – изјавил Елмас.
Ова беше натпревар од првото коло во новата сезона на Италијанското фудбалско првенство.
ELMAS 2-0 pic.twitter.com/FCnNCwy9vl
— farfromvideo (@farfromvideo) August 22, 2021