ДЕЦАТА НАД 12 ГОДИНИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ Извесно е дека вирусот ќе се појави во училиштата

Училишната година ќе почне нормално, но загрижен сум бидејќи малку деца се вакцинирани. А, делта сојот се спушта на детската возраст, вели епидемиологот Кон.

811

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија Предраг Кон апелира децата постари од 12 години да се вакцинираат.

-Донесена е одлука нормално да почне училишната година, но со маски. Апелирам повозрасните деца од 12 години да се вакцинираат бидејќи вакцината (Фајзер/Бионтек) е регистрирана и одговара и за деца. Ми пречи родителската грижа за децата, а не даваат децата да се вакцинираат. Ако единствен аргумент им е фармацевтската мафија, како што ја нарекуваат, нема што да разговараме – вели Кон за ТВ Хепи.






Тој додава дека вирусот циркулира и дека е извесно тој да се појави и во училиштата.

-Училишната година ќе почне нормално, но загрижен сум бидејќи малку деца се вакцинирани. А, делта сојот се спушта на детската возраст – вели Кон.

Тој има забелешка на тоа дека не се вакцинирани ни сите здравствени работници и за него е неприфатливо некој да работи во здравство и да зарази пациенти.

Кон предупреди на зголемување на бројот на заболени во следните недели, но не прецизира дали болниците ќе се вратат во ковид системот.

Поврзани содржини