ЛАМБДА СОЈ РЕГИСТРИРАН ВО АВСТРИЈА Заразата ја увезол турист од Перу
Провинциските власти посочија дека пациентот бил веднаш изолиран, па затоа не заразил никого. По закрепнувањето, тој ја напуштил Австрија.
Првиот случај на инфекција со ламбда сојот на коронавирусот е регистриран во Долна Австрија кај турист од Перу, потврдија официјалните лица.
Еден турист од Перу беше позитивен на коронавирус на тест направен во општината Генцерндорф во близина на Виена и беше утврдено дека е заразен со ламбда варијантата.
Провинциските власти посочија дека пациентот бил веднаш изолиран, па затоа не заразил никого. По закрепнувањето, тој ја напушти Австрија.
Ламбда сојот во моментов е најзастапен во Јужна Америка.