КАКО ДА СПРЕЧИТЕ ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА БЕЗ ЛЕКОВИ? Симптоми кои укажуваат на згрутчување

Згрутчувањето на крвта може да доведе до срцев или мозочен удар, парализа на лицето, оштетување на внатрешните органи, па дури и смрт. Некои од опасните состојби поврзани со згрутчување на крвта сеи белодробна емболија и длабока венска тромбоза.

8,318

Нашето тело, како и нашите крвни садови, имаат одлични механизми за самоодбрана. Кога ќе добиеме некоја надворешна повреда, нашата крв природно се згрутчува. На овој начин се спречува прекумерна загуба на крв, како и влез на бактерии во отворената рана. Но, што се случува кога згрутчувањето на крвта се формира без очигледна причина, како што е физичка повреда? Тоа само покажува дека нешто во нашето тело (и крвните садови) е опасно погрешно.

Згрутчувањето на крвта станува сe почестo овие денови, што не е изненадувачки затоа што поминуваме многу време во седење, а нашата исхрана се базира на транс масти и нездрави јаглехидрати. Покрај тоа, мнозинството од населението денес пуши, консумира алкохол редовно и зема разни лекови. Сето ова носи голем товар врз крвните садови, го зголемува притисокот во нив, ја згуснува крвта и значително го зголемува ризикот од опасна тромбоза.






Од плaк до згрутчување на крвта

Д -р Томас Коуан, американски холистички лекар, вели дека блокадата на крвните садови најчесто се јавува поради оштетување во самите садови, како и воспалителните процеси што се случуваат во нив. За да се заштитат од високиот крвен притисок што се натрупува во нив, крвните садови во нивните sидови создаваат плак, што го стеснува просторот за циркулација на крвта. Оваа состојба се нарекува атеросклероза.

Дел од тој плак под притисок на крвта може да се оддели или да се откине со текот на времето. Ова создава згрутчување на крвта или тромб, што може да патува низ артериите или вените, а потоа да се зачаури во мозокот, срцето, бубрезите, белите дробови или екстремитетите.

Ова може да доведе до срцев или мозочен удар, парализа на лицето, оштетување на внатрешните органи, па дури и смрт. Некои од опасните состојби поврзани со згрутчување на крвта сеи белодробна емболија и длабока венска тромбоза.

Симптоми кои укажуваат на згрутчување

Некои од симптомите што може да укажуваат на згрутчување на крвта во органите или делови од телото се:

Срце: тежина или болка во градите, отежнато дишење, гадење, потење
Мозок: слабост во лицето, рацете или нозете, тешкотии во говорот, проблеми со видот, ненадејна тешка главоболка или вртоглавица
Бели дробови: отежнато дишење, остра болка во градите, силно чукање на срцето
Раце или нозе: ненадејна болка и оток, преосетливост и чувство на топлина
Стомакот: тешка абдоминална болка, повраќање, дијареа

За тоа кои се природните сојузници кои спречуваат згрутчување на крвта прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини