МВР ЈА ПРЕЗЕМА ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА Податоците и отпечатоците на граѓаните пристигнаа во ДИК
МВР го испочитува законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик, информираше Спасовски.
Министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил напиша дека МВР ги доставило до Државната изборна комисија податоците на граѓаните.
– Денеска во 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи ги достави до Државната изборна комисија податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, со што го испочитува законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик – информираше Спасовски.