Тапанарот на „Ролинг стоунс“ итно опериран, морал да се откаже од турнејата

336

Тапанарот на популарната рок група „Ролинг стоунс“, Чарли Вотс, е итно опериран, поради што морал да се повлече од турнеите во САД.

Чарли е опериран во Лондон, а операцијата поминала успешно. Неговите здравствени проблеми биле откриени за време на рутински преглед на сите членови на бендот.






Осумдесет годишниот тапанар треба неколку недели да закрепнува.

Бендот закажа турнеја „No Filter USA“, која ќе започне следниот месец, а Чарли ќе биде заменет со тапанарот Стив Џордан.

„Барем еднаш, мојот тајминг е малку лош“, се пошегува тој по операцијата.

Според тапанарот на славната англиска рок група, тој не сакал да ги разочара фановите со откажување или одложување на концертот, бидејќи тие веќе го доживеале тоа за време на пандемијата на коронавирусот.

„Работам за да се вратам во форма, сепак, морам да ги прифатам советите на експерти кои рекоа дека моето закрепнување може да потрае. По сите разочарувања од одложувањето на турнејата поради ковид, не сакам фановите на бендот во САД кои имаат билети, да доживеат уште едно откажување или одложување. Така, го замолив мојот пријател Стив Џордан да ме замени“, раскажал Чарли.

Поврзани содржини