Пожар кај фабриката „Охис“, затворен е патот за Драчево ВИДЕО
Затвоен е патот кон Драчево. Во тек е прибирање на информации бидејќи имаме 18 пожари на територијата, пожарникарите на Град Скопје не успеаја да ни дадат конкретни податоци бидејќи противпожарните бригади се на терен, се справуваат, велат од ЦУК.
Попладнево избувнал пожар во рамките на фабриката „Охис“, неофицијално дознава телевизијата Канал 5.
Пожарот избувнал во близина на скопската фабрика „Охис“. Затворен е и патот кон населбата Драчево. Возилата се пренасочуваат кон Лисиче, велат извори од терен за телевизијата.
Пожарот ја зафатил и зградата на „Охис“.
Од Центарот за управување со кризи, велат дека во моментов се прибираат информации за овој пожар, но попрецизни информации ќе има подоцна, бидејќи екипите се на терен.
– Затвоен е патот кон Драчево. Во тек е прибирање на информации бидејќи имаме 18 пожари на територијата, пожарникарите на Град Скопје не успеаја да ни дадат конкретни податоци бидејќи противпожарните бригади се на терен, се справуваат – велат од ЦУК.
Од ЦУК, информираат дека на терен кај пожарот кај ОХИС е и стечајниот управник со оглед дека фабриката е во стечај, а известен е и Инспекторатот за животна средина бидејќи и тој има таму свои надлежности.
Охис гори! pic.twitter.com/b72jMUjpet
— LoL (@maestroA_BK) August 5, 2021