Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во село Долно Лисиче, скопско, настанал пожар во кој биле повредени мајка и син од Скопје.
Во пожарот горела сува трева и овошки од расадникот, сопственост на Земјоделски факултет – Скопје, а била зафатена и плевна сопственост на Г.И.(48) од Скопје и товарно возило во движење „застава“, со скопски регистарски ознаки. Возачот А.А.(26) и неговата мајка К.А.(50), двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош – велат од МВР.
Од таму информираат дека од пожарот била зафатена и куќа сопственост на Д.П.(60). Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот.