ЕУ гради сопствен вселенски штит: „Окото на Саурон“ ќе нѐ штити од напади!
„Очите на Саурон и Один даваат информации - не станува збор за борбени системи. Самиот чин на одбрана од евентуални балистички проектили на тој начин ќе остане прашање на одделни земји на ЕУ, заклучува „Билд“, пишува Дојче веле.
Окото на Саурон и Окото на Один, два системи од сателити, сензори и телескопи ќе ја штитат Европа од евентуални напади од нуклеарки или вселенски летала, а со тоа ЕУ конечно се одметнува и повеќе нема да зависи од Америка во трката за вселенско наоружување, пренесува Епсресо повикувајчќи се на неколку германски медиуми.
Системот истовремено ќе ја истражува вселената, а според германски „Билд“ двете очи (на Саурон и на Один) ќе бидат изработени од две различни германски фирми. Окото на Саурон ќе го изработи „Аријанегроуп“, а другото око го добива германската компанија за вселенска технологија ОХБ од Бремен.
Саурон ќе демне наместо Американците
Но, кои се Саурон и Один? Саурон е познатиот мрачен владетел од трилогијата „Господар на прстените“, чиј „заштитен знак“ е окото што гори. Во случајот на „Аријанегруп“ тоа ќе бидат ракетите и други летала што горат, а кои системот на сензори ќе треба да ги препознава и да алармира за нив. Името произлегло како кратенка од „Сензори за напредна употреба и препознавање на ситуацијата во надворешниот простор“, односно Саурон.
Иако „Господар на прстените“ не била напишана од Германец, туку од Џ.Р.Толкин кој бил Англичанец, таа е инспирана од старогерманските фолклор и легенди. А тука доаѓа и името на второто око. Врховниот старогермански бог се нарекувал Один, и тој бил Бог на војната. Не е чудно што Германија, која е водечка во ЕУ, и во овој проект зема поими од својата историја. Сепак, и Саурон и Один ќе оперираат со софтвер на англиски јазик – официјалниот јазик на ЕУ.
Один е Бог на војната – но, нема да напаѓа?
Како ќе изгледа второто – окото на Один? „Один“ ќе биде систем за рана идентификација на балистички тела и летечки објекти кои се движат со „хиперсонична брзина“. На пример, нуклеарни ракети од Русија или од Кина. Тоа е систем од девет телескопи лоцирани на неколку континенти, вмрежени за да можат да го скенираат целото небо.
– Просторот е критична инфраструктура и затоа сега е важно да се набљудува орбитата на Земјата, на пример, за да се избегнат судири на сателити. Тоа е еден вид на следење на сообраќајот за заштита на европските сателити – вели Пјер Годар, шефот на Аријанегруп за Германија.
Нажалост, ни Саурон, ни Один нема да напаѓаат како што тоа го прават во митовите.
„Очите на Саурон и Один даваат информации – не станува збор за борбени системи. Самиот чин на одбрана од евентуални балистички проектили на тој начин ќе остане прашање на одделни земји на ЕУ, заклучува „Билд“, пишува Дојче веле.
