Ристо Вртев се расплака на песната „Милион долари“ (ГАЛЕРИЈА)

Никој не сакаше крај, па фронтменот на „Архангел“ дури двапати го продолжуваше настапот со по уште по една песна, а публиката вриштеше од радост.

6,081

Само што почнаа да се слушаат првите акорди на песната „Милион долари“, фронтменот на групата „Архангел“, Ристо Вртев, почна да плаче, а заедно со него плачеше и дел од публиката.

Убавите нешта не траат кратко, само поминуваат брзо, па така и синоќешниот концерт на „Архангел“ во Градскиот парк помина пребрзо. Никој не сакаше крај, па Ристо Вртев дури двапати го продолжуваше настапот со по уште по една песна, а публиката вриштеше од радост.






Од најмало до највозрасно, сите ги пееја песните на „Архангел“ во еден глас.

„Архангел“ настапи во друштво со оркестарот на Филхармонија со кој диригираше Џијан Емин. Стануваше збор за традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, кој оваа година беше посветен токму на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, со која пораснаа многу генерации.

Во продолжение ви ја пренесуваме атмосферата преку фотографии:

Поврзани содржини